Тројца прилепчани добија кривична пријава за кражба, бидејќи биле фатени како од моноволуменец истовараат дрва исечени во државна шума.
Како што соопшти ОВР Прилеп, З.З.(45), Ф.К.(30) и М.К.(39), сите од Прилеп на 12 август биле затекнати од полицајци додека растовараат дрва од возило „фолксваген шаран“, сопственост на првопријавениот. За огревните дрва немале никаква документација, а потоа полицијата утврдила дека се исечени во државна шума.
The post Дрвокрадци фатени при растоварање appeared first on NetPress.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата