logo
logo
logo

Дрво падна врз објект на Градски паркинг: ВРАБОТЕНИОТ имал среќа!

Vecer | 30.08.2022

Дрво падна врз објект на Градски паркинг: ВРАБОТЕНИОТ имал среќа!

Силното невреме и дождот кој попладнево го зафатија главниот град предизвикаа голем број штети на неколку локации во Скопје.

На фотографија испратена од читател се гледа скршено дрво кое поради невремето паднало врз објект на ЈП „Градски паркинг“ лоциран на паркинг просторот во близина на градската – хируршка болница.

Од ЈП Градски паркинг го потврдија инцидентот и информираа дека дека лицето е во добра здравствена состојба.

– За среќа, тој е во добра здравствена состојба и помина само со ситни гребнатини, велат од таму во изјава за Скопје Инфо.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk