logo
logo
logo

Еден од “НАШИТЕ“

Досие: КАНАЛ 5 СО КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА САШЕ И. ОД МАКТЕЛ, но тоа не е се...

Vecer | 21.02.2023

Досие: КАНАЛ 5 СО КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА САШЕ И. ОД МАКТЕЛ, но тоа не е се...

Говорот на омраза како тема за полемика и прогони многу пати злоупотебуван досега од партиите на власт заигра и во нивниот двор. Имено, Телевизија Канал5 поднесе пријава против две лица, самонарешени новинари, за говор на омраза по што се очекува Јавното обвинителство да се произнесе но, согласно познатата судска а особено обвинителска пракса за овие двајца кои се познати како гласноговорници на СДСМ против нивните неистомисленици за очекување е дека од процесуирање на кривичната пријава до судење - нема да биде ништо. Нивни се.

“Денес поднесовме пријава до МВР, а од таму ни одговорија дека работат на расчистување на случајот со две лица со иницијали С.И. од Скопје и Р.И. од Прилеп кои повеќе од 5 години користат говор од и на омраза кон вработени во нашата компанија!“ велат од Канал 5.

Имено, двете лица се координирани во последно време, „сопственици“ на два портали: Мактел и Народен Глас и во континуитет пишуваат текстови полни со говор на омраза со што предизвикуваат кај своите читатели дополнителни нагони на омраза што е видливо и во нивните коментари. Со тоа на директен и индиректен начин се закануваат на наши вработени, но и останати колеги и цивилни граѓани на Македонија, при што сметаме , гледајќи го бројот на т.н. банери на особено еден од порталите, се сомневаме дека особено првото лице врши обид за изнуда од нашите вработени, но и нашето правно лице.

Затоа денес поднесовме соодветен поднесок до МВР, пти што веднаш добивме одговор дека МВР почнале да постапуваат и дека работат на расчистување на случите за двете лица .

Канал 5 ТВ е општествено одговорна компанија и не дозволува говор на омраза, сексизам, мизогинија, закани , не само кон наши вработени, туку и кон наши колеги, и наши сограѓани кои се „мета“ на овие две лица.

Не сакаме синдромот „Доказ“ да добие масовни размери, а веќе сме сведоци дека принципот на работа на тоа лице го практикуваат и голем број на други физички лица преку свои портали и социјални мрежи.

Вчера лицето С.И. преку својот портал Мактел искажа сериозен говор на омраза и мизогинија, со што ја нарече мајката на „јутјуберот“ Лазаров - девојката од фиќото! Болен чин кој мора заедно со другите да биде санкциониран.

Бараме и од ЗНМ и другите новинарски здруженија да поднесат соодветни поднесоци до МВР, но и ги повикуваме и другите физички и правни лица да ни се обратат со своите „искуства“ со овие две лица од горепосочените портали, велат од менаџмент на Канал 5 ТВ.

Инаку, лицето Саше Ивановски, од Кратово, кој со години јавно преку својот портал Мактел издава совети и комуницира со поранешниот премиер Зоран Заев и сегашниот Димитар Ковачевски од СДСМ, имаше јавна афера за семејно насилство со ножеви што го призна но, без судска завршница. Дојде и до бракоразводна парница со непознат епилог во која адвокат на сопругата на Ивановски беше  Јанаки Митровски кој за Охрид скај изјави:

“Никогаш не сум бил одмаздољубив, така сум воспитуван. Кога Саше политико по нарачка на Никса лупеташе за мене сакав да го тужам па ми дојдоа зборовите на мајка ми -Господ ќе ги казни.

И видиш имало Господ па денеска со сеуште сопругата на Саше, Марина поднесовме тужба зa развод на брак во која постапка јас ќе ја застапувам Марина. Едвај чекам Саше да се видиме во судница!“.

Саше Ивановски, следејќи ја политиката на партиите на власт во однос кон Србите изнесе серија тешко навредливи написи поврзани со имињата на српските политичари Александар Вучиќ и Ивица Дачиќ за што во декември 2018 година реагираше тогашниот градоначалник на општина Центар Саша Богдановиќ изјавувајќи “Саше Ивановски се претера со омразата кон Србите“, но навредите по национална и лична основа на српските политичари не запреа, а ниту СДСМ, ниту некој од власта се огласи за тоа. Обвинителството секако дека не покрена ниту една постапка.

Заради ваквите однесувања Саше Ивановски е неколку пати тепан, еднаш јавно и од страна на новинар. Осудуван е а клевета. Против Саше Ивановски од сопственикот на порталот Охрид скај била поднесена и кривична пријава за рекет, уцена од 5.000 евра, но и тогаш Обвнителството не делувало по системот “тој е од нашите“.

На 17 јануари 2019-та 01.30 часот во Полициската станица Охрид, лицето С.Д. од Охрид пријавил кривично дело ,,уцена” по член 259 став1 од Кривичниот законик.

Според пријавата, на 17.05.2018 година во 00.00 часот телефонски му се јавил С.И. и му побарал да му даде 5.000 евра или во спротивно ќе објавел недолични работи за неговите ќерки, по што пријавителот му исклучил. Домашните медиуми веќе го објави случајот и јавија дека станува збор за Саше Ивановски – Политико кој подоцна и го објавил написот со недолични содржини за ќерките на С.Д.

Според пријавата, по половина час, пријавителот добил неколку смс пораки со заканувачка содржина и фотографии, по што лицето С.И. повторно го контактирал пријавителот телефонски. За настанот е известен Јавен Обвинител. Откако не успеала изнудата, на порталот на Саше Политико, Мактел осамнала шокантната лажна вест.

Разлика од Саше Ивановски и Марјан Доказ М порталот кој е во притвор - нема, овој е бетер.. Разликата единствено се состои во тоа што Саше Ивановски е “еден од нашите“ на актуелната власт.

 

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk