Од вторник па натаму, ако имате возачка дозвола без “Северна“, без оглед кога изстекува рокот, таа не ви важи и не можете да возите! Ова денеска, два дена пред да стапи во сила, го објави МВР како информација за граѓаните.
Заради неспособноста на МВР во рокот кој тие го задале да обезбеди постапка и обрасци секој да може да ја изврши таа услуга, и обврска, над барем 100.000 граѓани, сопственици на важечки дозволи по сите основи но, без “Северна“, ќе бидат принудени или да возат “без возачка“ која им е прогалсена за неважечка или, да трпат штети поради неспособноста на МВР да ги избршите своите обврски од оваа операција.
“Околу возачките дозволи, ги известуваме граѓаните дека од 00 часот на 13 февруари 2024 година ќе важат само возачките дозволи со името Република Северна Македонија, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Министерството за внатрешни работи ќе постапува согласно закон и затоа апелираме граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија.
Предупредуваме и дека во случај на настаната штета при евентуална сообраќајна несреќа, поради невалидната возачка дозвола, граѓаните кои немаат валидна возачка дозвола ќе мора да ги сносат последиците околу евентуалната штета“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата