logo
logo
logo

Директорот на Тетовската болница 11 години е в.д. и се уште не ја поднел оставката?!

Vecer | 15.09.2021

Директорот на Тетовската болница 11 години е в.д. и се уште не ја поднел оставката?!

Доктор Флорин Бесими, кој на 10 септември на Фејсбук објави дека си поднел оставка, два дена по пожарот во модуларната болница во кој загинаа 12 пациенти и двајца нивни придружници, 11 години е вршител на должноста директор на Тетовската болница. И не само тоа, од Министерството за здравство, а како што пренесува СДК.МК, откриваат дека Бесими се уште ја нема доставено оставката.

Според Законот за здравствена заштита, в. д. директор може да биде на функција најмногу до 6 месеци, а Управниот одбор на болницата е должен да распише оглас за избор на директор, кого по препорака на Здравствениот совет го именува министерот за здравство. За функцијата директор на јавна здравствена установа мора да се се исполнат одредени критериуми. Болницата во Тетово како клиничка болница и регионален центар поврзан со Медицинскиот факултет во Тетово е од највисок ранг во системот на јавното здравство.

Последен пат за в. д. директор д-р Бесими е именуван во мај годинава. Нему мандатот како вршител на должност медицински директор му завршил во март. По последното именувањето во мај, и нему и на Артан Едеми, кој е в.д. организациски директор од министерот за здравство писмено им било укажано дека Управниот одбор на болницата мора да распише конкурс за директори. Дознаваме дека Бесими за таа обврска бил предупредуван во неколку наврати.

Ова се 15-те НАЈЧИТАНИ ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА! Тие се јавното мислење

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk