logo
logo
logo

Клиника Жан Митрев: ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ - БЕЗ КАМАТИ

Vecer | 14.12.2025

Клиника Жан Митрев: ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ - БЕЗ КАМАТИ

Водени од посветеноста кон потребите на клиентите, ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“ Скопје и ПЗУ „Жан Митрев Дијагностик“ Струмица во соработка со УНИБанка АД Скопје, ја претставува новата и исклучително поволна можност за финансирање медицински услуги преку наменски потрошувачки кредит со 0% камата, достапен за клиентите на УНИБанка.

Во услови кога здравјето е највисок приоритет, Жан Митрев Клиника на своите клиенти им овозможува финансирање преку УНИБанка од максимален износ до 600.000 денари, со рок на отплата до 48 месеци, под исклучително поволни услови. Кредитот е со 0% каматна стапка, без надомест за одобрување, без трошоци за предвремена отплата и без потреба од жиранти или дополнително обезбедување, а постапката за аплицирање е едноставна и прилагодена на потребите на клиентите.

Оваа иницијатива е креирана со цел на пациентите да им се овозможи навремен, сигурен и непречен пристап до врвна здравствена грижа во рамки на Клиника Жан Митрев, без финансискиот аспект да претставува пречка за носење важни одлуки поврзани со здравјето.

Кредитот може да се искористи за широк спектар на медицински услуги и третмани во клиниката, вклучително и услуги во Центарот за стоматологија, Центарот за мајка и бебе, Центарот за естетската дерматологија, како и останатите оддeли, а согласно потребите на пациентите.

Со ова партнерство, Клиника Жан Митрев уште еднаш ја потврдува својата мисија да обезбеди современа, квалитетна и достапна здравствена грижа, додека УНИБанка, преку конкретна поддршка за своите клиенти, покажува дека финансискиот сектор може да има значајна улога во унапредувањето на здравјето и благосостојбата на граѓаните.

Ова заедничко решение претставува вистински чекор кон подигнување на стандардите во грижата за пациентите и јасен пример дека соработка меѓу здравствени и финансиски институции може да донесе реална и долгорочна вредност за целата заедница.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk