logo
logo
logo

Електронски рампи ЗА ДА НЕ СЕ ПАРКИРА КОЈ ЌЕ СТИГНЕ ЗАД СОБРАНИЕТО

Vecer | 04.11.2025

Електронски рампи ЗА ДА НЕ СЕ ПАРКИРА КОЈ ЌЕ СТИГНЕ ЗАД СОБРАНИЕТО

Наскоро ќе бидат поставени електронски рампи на паркингот зад Собранието и таму ќе може да се паркираат само пратениците и собраниските служби, најави претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Тој денеска на брифинг рече дека утврдиле дека на паркингот зад Собранието најмалку се паркирани возилата на пратениците и на вработените во службите.

Во врска со уредувањето на околината на собраниската зграда, Гаши рече дека очекува тоа да биде завршено до јуни.

Спикерот рече дека од летово, кога беше донесе законот со кој просторот околу Собранието се прогласува за административна зона, имале административни и бирократски пречки, кои постепено се надминуваат.

Додаде и дека тој лично се залага партерното уредување да биде што поскоро завршено, со цел законодавниот дом конечно да добие уредена и репрезентативна околина, каква што заслужува.

Рече и дека се изборил Министерството за внатрешни работи да ги тргне барикадите околу зградата, со што сега околината изгледа многу поубаво.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk