logo
logo
logo

ФИЛИПЧЕ ТОНЕ СО СЕКОЈА АНКЕТА, НАРОДОТ НЕ ГО ПОДДРЖУВА велат од ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 11.06.2026

ФИЛИПЧЕ ТОНЕ СО СЕКОЈА АНКЕТА, НАРОДОТ НЕ ГО ПОДДРЖУВА велат од ВМРО-ДПМНЕ

Демагошката програма на СДС полна со празни и излитени флоскули, на Венко Филипче не му носи никакви позитивни резултати или пак посакуван ефект, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во текстот се додава:

Тоа го потврдуваат и последните анкети кои повторно покажуваат огромна предност на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти СДС.

Потиснат од ваквите резултати на јавното мислење, каде народот јасно потврдува дека не гледа опција во СДС, Филипче се впушта во романса со Бугарија сметајќи дека така ќе успее да им се допадне на граѓаните.

Така, Венко Филипче се претвори во специјален бугарски пратеник кој е спремен да истурка промена на уставот за внесување на Бугарите, сметајќи дека така ќе успее да дојде на власт, наместо со победа на избори.

Над 80% од македонските граѓаните сметаат дека уставни измени под бугарски диктат не е реформски чекор кон ЕУ и дека оваа отстапка не треба да се прави без предвидливост на евроинтегративниот пат и гаранции дека тоа ќе е последната отстапка која Бугарија ќе ја бара од нас.

Но, сепак, за Венко Филипче и лојалистите на Зоран Заев собрани во врхушката на СДС ова не е важно и ако е до нив, тие уште утре ќе ги прифатат и потпишат бугарските барања.

Оваа поданичката политика на Филипче и СДС кон Бугарија и Радев, веќе видена со Зоран Заев, не оди на добро на државата, а уште помалку му оди во прилог на Венко, чувар на партиската фотелјата на Заев.

Едно е сигурно, ако Филипче продолжи со ваквиот понижувачки и вазалски однос кон Бугарија и Румен Радев, уште повеќе ќе се маргинализира на политичката сцена, затоа што македонските граѓани таков однос не прифаќаат и не одобруваат.

Народот добро знае дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги штити националните интереси и токму затоа даваат и огромна поддршка на владејачката коалиција како на изминатите избори, така и на последователните истражувања на јавното мислење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk