logo
logo
logo

Иван е на терен: ДА СЕ НАПРАВИ ПОЈАС ОКОЛУ ПОЖАРОТ, побарав помош од Свети Николе, Кочани и од Кавадарци

Vecer | 10.06.2026

Иван е на терен: ДА СЕ НАПРАВИ ПОЈАС ОКОЛУ ПОЖАРОТ, побарав помош од Свети Николе, Кочани и од Кавадарци

Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов на вечерашната вонредна прес-конференција изјави дека нема простор за паника и дека се користат сите сили на противпожарната бригада за гаснење на пожарот кој изби на градот кај Плуждино.

Дополнително информираше дека побарал помош и од Свети Николе, Кочани и Кавадарци, а во контакт бил и со Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.

Според планот на надлежните ќе се направи појаас за пожарот да не се шири. Ситуацијата зависи како ќе се одвива во ноќта во зависност од ветрот кој порано денеска направи вистински хаос и го предизвика овој пожар.

Според првичните информации пожарот најверојатно е предизвикан од гром. Телевизијата М Нет сподели снимка од гаснењето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk