logo
logo
logo

Од исказот на Видевски за Вања: Девојчето беше убиено од куршумот на Палевски, ГО ПРАШАВ ЗОШТО, САМО ГИ КРЕНА РАМЕНИЦИТЕ

Vecer | 26.03.2025

Од исказот на Видевски за Вања: Девојчето беше убиено од куршумот на Палевски, ГО ПРАШАВ ЗОШТО, САМО ГИ КРЕНА РАМЕНИЦИТЕ

Судот на денешното рочиште не го прифати барањето на првообвинетиот Љупчо Палевски за изземање на обвинителите Жаклина Јосифовска, Ана Стојковиќ и Гаврел Бубевски поради тоа што било на истите околности како минатиот пат, пренесе Република.

Обвинителката Јосифовска го читаше исказот што каратистот Боре Видевски го дал во обвинителството, во кое тој детално објасни како го грабнале Жежовски и како Палчо го убил.

Она што е спротивно од минатото сведочење е исказот на Видевски за киднапирањето на Вања. Боре во обвинителството рекол дека Палчо од таткото на девојчето разбрал кое време ќе излезе од дома.

Кога ја стигнале на местото почнале да ја одврзуваат Вања.

Тогаш слушнав истрел, девојчето беше убиено од куршумот на Палевски. Го прашав зошто го направи тоа, но тој само ги крена рамениците. Кога ја закопавме се вративме во Десна и тогаш пак го прашав зошто ја уби кога за неа требаше да бараме откуп. Тој рече: „Да помине малку време ќе бараме“, го читаше исказот на Видевски обвинителката Јосифовска, пишува Република.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk