logo
logo
logo

ДЕТАЛИ ЗА НЕСРЕЌАТА на експресниот пат Штип-Радовиш: ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ!

Vecer | 12.09.2025

ДЕТАЛИ ЗА НЕСРЕЌАТА на експресниот пат Штип-Радовиш: ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ!

Тројца починати работници и двајца тешко повредени е билансот од тешката сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш, каде утринава од мостот на Балталиска Река, во близина на штипското село Лакавица, излета комбе во кое се превезувале работници.

Директорот на ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“, Горан Андонов за МИА вели дека медицинскиот тим на Итната медицинска помош на лице место констатирале смрт на две лица, третиот работник е реанимиран, но подлегнал на повредите. Според првичните информации станува збор за странски работници од Бангладеш, кои биле работно ангажирани за струмичка фирма. Повредени се и еден работник и возачот на комбето.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев вели дека во моментов кај нив е хоспитализарно едно лице, на кое во моментов му се прават прегледи.

(Фото МИА)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk