logo
logo
logo

ПОЧНУВА СПАСУВАЊЕТО НА ДОЈРАН, Мицкоски изврши контрола на лице место

Vecer | 22.08.2025

ПОЧНУВА СПАСУВАЊЕТО НА ДОЈРАН, Мицкоски изврши контрола на лице место

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска изврши увид во градежните активности за санација на хидросистемот Ѓавато во општина Дојран.

-Ценам дека е добро што на лице место излеговме на самиот цевковод траса од хидросистемот Ѓавато, лично да се увериме и видиме што се случувало во рок од повеќе од две децении од откако е направен овој хидросистем и да можеме од лице место да направиме одредена дијагностика по која после ќе постапуваме, рече Мискоски.

Како што истакна и заменик министер во министерство за животна средина и просторно планирање Ане Лашковска детектирани се места каде што имаме пукнати цевки, каде цевките треба да ја донесав водата до базенот, каде после со други пумпи водате ќе биде однесена во Дојранското Езеро.

-Се трошат ресурси за систем којшто три-четири години функционира вака со расипан цевковод, потенцира Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk