Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, е на боледување, а неговите надлежности привремено ќе ги извршува советникот Неделчо Крстевски.
Информацијата беше објавена преку официјалната Фејсбук-страница на општината, без дополнителни детали за причините и времетраењето на отсуството.
Пренесувањето на надлежностите е предвидено со Законот за локалната самоуправа, кој овозможува член на Советот да го заменува градоначалникот во случај на спреченост или отсуство. Во периодот на замената, советникот ја мирува функцијата во Советот.
Од општината засега нема информација дали станува збор за краткорочно или подолготрајно отсуство на градоначалникот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата