logo
logo
logo

НАМАЛЕН БРОЈОТ НА НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА во земјава

Vecer | 29.05.2026

НАМАЛЕН БРОЈОТ НА НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА во земјава

Бројот на невработени лица во првото тримесечје од 2026 година е намален за еден отсто во споредба со четвртото тримесечје од 2025 година, а за 2,3 проценти е намален во споредба со истото тримесечје минатата година. Од вкупниот број невработени лица, мажи се 62,4 отсто, а жени 37,6 проценти.

Како што информира Државниот завод за статистика, бројот на вработени лица бележи намалување од 0,3 отсто. Од вкупниот број вработени,  57,9 отсто се мажи, а 42,1 проценти се жени. 

Учеството на неформалната вработеност во првото тримесечје од 2026 година се зголемува. Неформално вработени лица се 94 197, што е за 4,3 отсто повеќе од претходното тримесечје. Најголем број неформално вработени лица, 43,6 отсто има во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство и 17,5 проценти во секторот Градежништво.

Според Државниот завод за статситика, активното население брои 797 884 лица од кои вработени се 707 385, а невработени 90 499 лица. Стапката на активност е 52.5, на вработеност 46.5, додека стапката на невработеност изнесува 11.3. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk