logo
logo
logo

Димитриевски: Министерот Филков работи принципиелно и во интерес на владеењето на правото

Vecer | 29.05.2026

Димитриевски: Министерот Филков работи принципиелно и во интерес на владеењето на правото

Димитриевски: Министерот Филков работи принципиелно и во интерес на владеењето на правото

Претседателот на Движењето ЗНАМ - за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во интервју за неделникот Фокус истакна дека ЗНАМ останува доследен на принципите на владеење на правото, институционална одговорност и почитување на Уставот и законите, при што целосна поддршка дава министерот за правда Игор Филков и неговиот професионален пристап во раководењето со ресорот.

Во интервјуто, Димитриевски потенцира дека ЗНАМ не ја гледа Владата низ призма на партиски надмудрувања, туку како систем на институционална координација и одговорност, каде секој ресор постапува согласно своите законски надлежности.

„Министерството за правда, предводено од министерот Игор Филков, има јасен и принципиелен став дека сите решенија мора да бидат во рамки на Уставот и законите. Владеењето на правото мора да биде над политичките или етничките калкулации“ посочи Димитриевски.

Тој нагласи дека прашањето за правосудниот испит не смее да биде предмет на дневнополитички притисоци или импровизации, туку дека решенијата мора да бидат системски, правно издржани и во согласност со мислењата на релевантните институции и меѓународни стандарди.

Претседателот на ЗНАМ категорично ги отфрли шпекулациите за наводно маргинализирање на министерот Филков, оценувајќи дека станува збор за политички конструкции без реална основа.

„Министерот за правда Филков е во постојана комуникација и координација со Владата околу сите прашања од надлежност на Министерството. ЗНАМ целосно стои зад неговиот професионален, непристрасен и принципиелен пристап“ истакна Димитриевски.

Во интервјуто беше потенцирано и дека ЗНАМ останува фокусиран на реформската агенда и реализацијата на програмските определби, а не на кадровски шпекулации и политички конструкции.

Димитриевски оцени дека ресорите што ги предводи ЗНАМ, Министерството за правда и Министерството за јавна администрација, веќе испорачуваат конкретни резултати преку подготовка и усвојување на значаен број законски решенија, како и преку реформи кои добиваат позитивни оценки и од меѓународниот фактор.

Движењето ЗНАМ останува цврсто определено за заштита на институциите, почитување на правниот поредок и спроведување на реформи во интерес на државата и граѓаните.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk