logo
logo
logo

Министерот Љутков ќе го посети Македониумот во Крушево

Vecer | 11.09.2025

Министерот Љутков ќе го посети Македониумот во Крушево

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе го посети споменикот Македониум во Крушево за кој Владата одвои 2,5 милиони денари за интервентна заштита откако во дел од медиумите беше објавено дека споменикот пропаѓа.

Проектот за интервента заштита на Македониумот, како што вчера беше најавено на прес-конференција во Владата, треба да биде реализиран до крајот на годинава, а Заводот и музеј Прилеп работи на проект за целосна реконструкција и конзервација на целиот комплекс којшто ќе биде финализиран до средината на следната година. Министерството за култура и туризам потоа ќе ја утврди динамиката и планот за финансирање и целосната реконструкција. Дел од експертизата ќе биде од странство.

– Реконструкцијата на споменикот Македониумот почна пред повеќе години и требаше да заврши во 2017 година. Со симнувањето на скелето во таа година процесот беше насилно прекинат  оставен без потребна заштита. Од тогаш до денес, цели седум години не било преземено ништо за негово завршување и заштита што остави длабоки последици на овој значаен културен споменик, изјави вчера портпаролката на Владата Марија Митева.

Македониумот е откриен на 2 август 1974 година, на денот на триесетгодишнината на заседанието на АСНОМ и 71-годишнина од Илинденското востание. Споменикот ја означува непокорноста, борбата и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk