Обвинетата лекарка од Клиниката за онкологија Мери Пешевска,кој призна вина за случајот „Онкологија“, доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши доколку во следните пет години не стори ново кривично дело.
Пешевска тогаш истакна дека е виновна и се извини на оштетените пациенти, со тоа што посочи дека тогашниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, бил нивни ординирачки доктор, а најзиниот факсимил бил ставен на шалтер и го користеле сите.
Таа беше обвинета за несовесно лекување болни, а на рочиштето ја призна вината. Обвинетата пред судот потврди дека својот факсимил и лозинка за пристап до внатрешниот компјутерски систем на Клиниката ги оставала на располагање на други специјалисти и специјализанти.
Според обвинителството, токму поради ваквата практика, на седум пациенти – кои во меѓувреме починале – им биле препишувани лекови и терапии кои довеле до влошување на нивната здравствена состојба. – Скопје1.мк
Претходно бранителот на Пешевска, адвокат Влатко Китановски во завршен збор рече дека иако обвинетата призна вина дека од небрежност постапила, мора да бидеме искрени и да се запрашаме дали оваа докторка треба да биде гледана како криминалец.
– Тоа што ги споделила со друг доктор своите лични податоци и факсимил Мери немала намера или корист, туку цел да им помогне на пациентите. Тоа што некој ги злоупотребил треба да одговара за тоа, изјави Китановски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата