logo
logo
logo

Поддршката од ЕУ клучна: САЛИ И ТИГАЊ ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ

Vecer | 09.02.2026

Поддршката од ЕУ клучна: САЛИ И ТИГАЊ ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ

Министерот за европски прашања и Прв заменик претседател на Владата, Беким Сали, денес оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ.

На средбата беа разменети мислења за актуелните случувања во процесот на европска интеграција на Република Македонија и за приоритетите поврзани со Реформската агенда и обврските од европската агенда. Министерот Сали ја истакна определбата на Владата за забрзана имплементација на реформите и испорака на конкретни резултати, со посебен фокус на владеењето на правото и подобрувањето на апсорпцијата на европските фондови.

Соговорниците разговараа и за значењето на континуираната поддршка од земјите членки на Европската Унија за процесот на проширување, како и за важноста од одржување на позитивниот моментум на европската интеграција во регионот.

Министерот Сали изрази благодарност за досегашната поддршка и нагласи дека Министерството за европски прашања ќе продолжи со засилена координација и фокус на реформските приоритети во насока на напредок во пристапниот процес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk