logo
logo
logo

Се збори за избори

Рејтинзи: Тоа е тоа, СДСМ НЕКА ГИ ПРЕСПИЕ ИЗБОРИВЕ И НЕКА СПРЕМА КОНГРЕС ЗА СМЕНА НА ФИЛИПЧЕ

Vecer | 14.10.2025

Рејтинзи: Тоа е тоа, СДСМ НЕКА ГИ ПРЕСПИЕ ИЗБОРИВЕ И НЕКА СПРЕМА КОНГРЕС ЗА СМЕНА НА ФИЛИПЧЕ

Според рејтинзите од повеќе извори, објавени од двете политички страни, на неколку дена пред изборите може да се заклулчи следното:

1. Владеачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ - ВЛЕН - ЗНАМ има над две третини поддршка од граѓаните што, отприлика, одговара на распоред и број на пратеници во парламентот, дури малку и поголема предност во однос на онаа која таа коалиција ја имаше од ланските парламентарни избори.

Ова, освен победа на локалните избори, значи и потврда за доверба во владата која е во тек со големи капитални прокети, економски рефоми и социјални стандарди од кои допрва се очекува стабилизирање и зголемување на веќе високиот рејтинг и доверба. До крајот на идната година следат завршување на автопати, вработувања во нови странски инвестиции, зголемување на платите и пензиите, подобрување на јавните услуги и враќање во законски рамки на целиот правосуден систем што се основни очекувања од граѓаните.

2. Довербата и високиот рејтинг е успех на сите три коалициони партнери, секој во рамките на својата партиципација во собранието и владата која, освен спомнатото, започна и отворена борба против корупција која, интензивно, следи по локалните избори. Политиката и изборот на луѓе да ја спроведат се основа за таквиот резултат, а по локалните избори се очекуваат и промени во владата. Кој загубил чекор во движењето ќе биде заменет со ново лице на одредена функција

3. Без оглед на резултатите на поедини партии од влаедачката коалциција на локаланите избори, нема потреба ниту пак има логика, за нови парламентарни избори.

Владата е повеќе од стабилна, има скоро две третини пратеници во парламентот и над две третини доверба во јавноста сметано на збир на удел во гласови според рејтинзите за локалните избори, што ќе се потврди и со вкупниот број гласови на коалиционите партнери по локалните избори. Тоа значи дека правите луѓе се на вистински места. Ниту една математика, политички спинови или комбинаторика не може да докаже дека е добро да се раструра или доведе во предизвик конечно, после година дена, веќе уигран тим кој дава резултати и е добитна комбинација - да се растура.

Вонредни парламентарни избори се време во кое секој од трите коалациони партнери кои сега добро функционираат, заради свој поединечен интерес, со месеци ќе тера своја политика согласно потребите на своиите гласачи што може да остави впечаток на растурање на сегашната хармонија и едниство и лош одзив и одговор од јавноста. 

Започнатите проекти ќе запрат, или ќе се успорат, ќе забави и планот за социјалани политики, реформи во судството и интерес за соработка кај инвеститорите кои со месеци пред избори се дистанцираат од нови проекти очекувајќи го новиот политички распоред. Накусо: во утакмица во која владата води далеку пред опозицијата некој да донесе одлука да ја запре таа утакмица која веќе има вака висок рејтинг во јавноста и победникот да се решава на пенали.

4. Македонија доби огромна, и реално досега невидена, доверба во странство во оваа влада. Едно е европјаните да ви даваат убави зборови за поддршка кои очигледно не значат ништо, а друго е некој довербата да ја потврди и даде свои пари за кои верува дека паметно ќе се трошат и ќе се вратат.

Велика Британија потпиша со нас договор за стратешка соработка и ни даде отворена рамка за наменски кредити од фантастични над 5 милијарди евра со гаранции од Лондон! Тоа никој не го ни спомнувал ниту очекувал пред парламентарните избори лани. Би звучело како пропагандна патка. Патем, европска Унгарија прва ја потврди поддршката со 500 милиони евра ефтин кредит за инфраструктура и поддршка на стопанството. Свои пари никој не дава на друг да врши свои потреби ако нема доверба.

5. Ниту една влада во Европа, во моментов, нема поддршка над 50-55% освен македонската! Тоа треба да се одржи и докажува секој ден, со нови проекти и нови иницијативи. Со реформи во правосудниот сектор и јавните услуги. Со повеќе инвестиции и повеќе вработени по што следат поголеми пензии и плати.

Кој има интерес од вонредни парламентарни избори?

- Има СДСМ затоа што, во тој случај, ќе остане сегашното раководство кое успеало да предизвика вонредни парламентарни избори при состоба кога ВМРО ДПМНЕ има над три пати (над 300%) поголем рејтинг од СДСМ. Ќе одат со мантра дека нема време за нови луѓе и нови комбинации.

- Имаат интерес СДСМ и ДУИ затоа што со најава и договор за вонредни парламентарни избори нема време да се доврши ниту еден важен и капитален проект и реформа на оваа влада а, со тоа, на сегашната владеачка коалција им се исфрлаат од раце најбитните елементи и аргументи за убедлива победа на идни избори.

- Имаат интерес сите кримогени лица и структури во СДСМ и ДУИ затоа што со најава на вонредни парламентарни избори запира секаква можност за реформа во правосудсниот систем, со месеци тема ќе бидат идните избори, и нема да се создадат услови за нивна одговорност. Криминалот, со тоа, ќе биде амнестиран и легализиран.

Оттаму, многу е побитна стабилноста на владата и резултатите од нивната работа отколку наддавењето како на атпазар дали е поважно кој го добил Кратово а кој Виница, или Кисела Вода од Битола, Сарај или Гостивар... Локалните теми и власти се друг сектор. Тоа асе други луѓе и други политики.

Локаланите избори не смеат да влијаат на работата на владата која, според сите мерења, има исклучичтелно висока доверба и тековна реализација на капитални иневстиции од железница, преку автопатишта, до болници, енергетски ерсурси... во ведност од над 5 милијради евра! Локалните валсти се други луѓе, сод руги задачи и проблеми, мајстори за хидроцентрали не се исто што и мајстори кои поставуваат струја во куќа и менуваат бушони.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk