logo
logo
logo

ФИЛИПЧЕ Е БЕЗ ЦРВЕНИ ЛИНИИ и ја релативизира бугарската негација на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 05.05.2026

ФИЛИПЧЕ Е БЕЗ ЦРВЕНИ ЛИНИИ и ја релативизира бугарската негација на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Венко Филипче уште еднаш и тоа од пред гробот на Гоце Делчев потврди дека е спремен да ги распродава националните интереси исто како неговиот ментор Заев, само за да си ја зачува фотелјата на Бихачка и да дојде до власт, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во текстот се додава:

„Филипче кажа дека „Бугарија не го негира идентитетот на Македонија“  и покрај отвореното негирање на Бугарија на идентитетот, на Гоце Делчев, покрај барањата на Бугарија за промена на учебнмиците, покрај оспорувањето на јазикот, Филипче ја потврди неговата сервилност и спремност за уставни измени веднаш, без услови и без гаранции дека тоа ќе биде последната пречка за државата.

Тоа е доказ дека СДС на чело со Филипче е конзистентен во предавничките политики исто како и неговиот гуру Заев.

Филипче нема црвени линии и заборава дека токму тој став  и погрешната политиката на отстапки на СДС, Заев и останатите во минатото ја доведоа државата во состојба на константни уцени и блокади од Бугарија.

Додека Филипче ја убедува јавноста дека „нема проблем“, во позадина е спремен на се и секакви отстапки кои директно удираат врз македонските интереси.

Токму затоa Филипче и СДС од една страна се претставуваат како проевропски додека соработуваат со проруски бизнисмени како Онишченко, Борче Марковски и Дака.

Филипче и СДС се проевропски само кога тоа им треба како во кампања кога ветуваа бесплатно здравство, квалитетно образование и повисоки плати. А од сето тоа добивме фотографија од авион на чиј лет ни беше ветен датумот за влез во ЕУ.

Филипче и СДС се проевропски само кога прават злоупотреба на европско знаменце во Собранието, а во реалноста делеа тендери, државјанства и вдомуваа луѓе блиски до Путин.

Додека СДС и Филипче се продаваат како проевропски, владеењето на СДС беше обележано по тоа што спротивно на националните интереси, издаваше македонски пасоши на белосветски наркобосови и криминалци, како што беше и државјанството на рускиот олигарх близок до Путин и осуден криминалец во Украина за перење пари и корупција, Александар Онишченко.

Покрај Онишченко, кого СДС  го вдомија во државата и му дадоа државјанство кога ниедна друга држава не го примаше, тука е и почесниот конзул на Белорусија во Македонија, Борче Марковски близок соработник на Лукашенко.

Неопходна е јасна стратегија и јасен план за интеграцијата на државата, со прецизно дефинирани државни позиции кои ќе бидат доследно бранети и почитувани. СДС и Филипче не го нудат тоа и немаат црвени линии“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk