logo
logo
logo

„НЕ СИ ТУКА НА ЈАВНА ТРИБИНА“ Обвинителка била незадоволна од задоволен пациент на Жан Митрев

Vecer | 05.05.2026

„НЕ СИ ТУКА НА ЈАВНА ТРИБИНА“ Обвинителка била незадоволна од задоволен пациент на Жан Митрев

Пациент на клиниката Жан Митрев кој бил повикан во обвинителството да даде исказ за случајот кој го водеше обвинителката Искра Хаџи Василева бил прекинат кога кажал дека спасот го нашол во Жан Митрев.

Повиканото лице во обвинителстово отишло кога обвинителката Хаџи Василева собирала искази од повеќе пациенти со цел да креира обвинение против Жан Митрев, но кога лицето дало исказ дека всушност тој бил спасен во клиниката бил грубо прекинат.

,,Бев повикан од ЈО да дадам исказ за оштета бидеjќи бев пациент за време на короната. Во просторијата бевме повеќе ,,оштетени,,. Земав прв збор и образлагав дека единствен спас најдов во Жан Митрев. Бев прекинат бидејќи не им одговараше моето кажување. И Обвинителката ми вели ,,слушај не си ти тука на јавна трибина,, ме прекина и она во една реченица го напиша исказот дека НЕ СУМ ОШТЕТЕН”, пишува Ордан Ристовски.

Од изјавата на Ристовски меѓу другото се открива драматична повреда на постапката затоа што според Законот за кривична постапка не смеела да испрашува повеќе повикани лица одеднаш на исто место.

Обвинителката Искра Хаџи Василева веќе не го води предметот кој од пред еден месец го презела обвинителката Лидија Раичевиќ но повредите на постапката покрај низа други аномалии во процесот против Жан Митрев остануваат да сведочат за политички и бизнис спреги кои според досега познатите информации имале за цел да го сменат сопствеништвото на клиниката Жан Митрев.

Ристовски изјавата за манипулацијата ја дава како коментар на веста дека судот во Струмица одбил да суди по тужбата на Зоран Заев против Жан Митрев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk