Денес општина Бутел и општинското основно училиште “Живко Брајковски” беа домаќини на завршниот настан од проектот “Градиме нови мостови” чии носител е мисијата на ОБСЕ, а со поддршка на Министерството за образование и наука како и од Амбасадите на САД, Холандија, Полска и Луксембург.
"Општина Бутел е симбол и овој проект е уште еден доказ дека овде вистински се негуваат и почитуваат меѓуетничките односи и се негува маалскиот живот.
Мостовите кои што ги изградивме преку овој проект не се само симболични, тие се реални и силни.
Заедно ќе продолжиме да градиме нови мостови, мостови коишто ги надминуваат поделбите, создаваат нови можности и ќе ги инспирираат нашите идни генерации.
Да им честитам на учениците за одлично спроведениот проект. Тие се нашата иднина и тие ја имаат моќта.
Со овој денешен настан не одбележуваме крај, туку продолжување на заедничката визија општина Бутел која е обединета, силна и креативна.
Продолжуваме заеднички да ја градиме општина Бутел!" објави градоначалникот на општината Дарко Костовски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата