Македонија се наоѓа пред сериозна одлука а изборите кои
следат во себе не го носат изборот која партија ќе победи, туку каква иднина ќе
се одбере, за себе и за своите семејства. Главниот проблем, е што државата е
одземена од рацете на народот. Контролата е во стотина души кои управуваат со
се во земјава, без одговорност, со многу криминал и корупција, изјави
претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Гостивар.
Мицкоски додаде дека нема поголем тендер од кој артановци,
бујаровци, и зечевци не собираат процент.
- Тука во Гостивар на пола пат од Тетово се сликаа со
лопатите, наместија бини, сечеа ленти за нови автопати дел од коридорите 8 и
10д, еве помина година дена, дупка не ископаа, не па автопат да изградат.
Повеќе од 300 милиони евра исплатија во ветар. Таму подизведувач е омилената
фирма на ДУИ, бидејќи ДУИ управува со државата наместо народот, потенцираше
Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека Артан, Бујар и Талат си се послужуваат
со Македонија, затоа што имаме слаб СДСМ кој дозволувајќи го тоа скапо си ја
купува власта, и деновите поминати во фотелја.
И овие денови ги слушам оние обвинувања кои се редовен декор
секогаш кога ДУИ е нападнато, поради криминал и корупција. Нападното е затоа
што се фатени како ја ограбуваат Македонија. И не ги ограбуваат само
Македонците. Ги ограбуваат сите, и Македонците и Албанците и Турците и Србите и
Власите и Бошњаците, ја ограбуваат Македонија. Фатени во грабеж, обвинуваат
дека сме имале против Албанците и затоа сме ги напаѓале, изјави Мицкоски.
Мицкоски посочи дека има против ДУИ кои ги злоупотребуваат,
меѓудругото и Албанците и нивната мака.
- ДУИ која врз митот права за Албанците, и Артан, и Али
направија милиони евра за себе, имаат имот како шеици од Саудиска Арабија,
додека албанскиот народ гладува и се сели од Македонија. Најголемата
злоупотреба овие дваесет години е состојбата со правата на Албанците кои овие
криминалци од ДУИ се обидуваат кога се фатени во криминал да ја наметнат како
тема.<span style="mso-spacerun:yes"> </span>Секогаш кога тие зборат за ова, на
своето конто си редат по уште еден милион народни пари, нагласи Мицкоски.
Мицкоски посочи дека ДУИ тоа го прават затоа што се
исплашени и знаат дека им доаѓа крајот на своето владеење.
- Ќе одат во опозиција, а таму ќе мора најпрвин да
одговараат за криминалот, а потоа да се реформираат, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека бранот е создаден, иако работата не е
завршена, мора да се излезе на гласање во вториот круг за да се победат сите
сценарија на СДСМ и ДУИ заедно и дека таквите сценарија се победуваат само со
голема излезност.