logo
logo
logo

Дали методот евро за Вицето, е методот кој народот треба да го учи од Заев, според Филипче?

Vecer | 28.04.2025

Дали методот евро за Вицето, е методот кој народот треба да го учи од Заев, според Филипче?

Дали методот евро за Вицето, е методот кој народот треба да го учи од Заев, според Филипче? Дали Венко Филипче е воодушевен од Заев и тврди дека нема друг како него, заради начинот на кој рекетирал во Струмица? – прашува Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ

Дали Венко Филипче е воодушевен од Заев, кој цела јавност го слушна како вели дека сите во Струмица на кои им легализирал објекти, плаќале по истата шема - евро за Вицето?

Учи ли Филипче од Заев кој ја ограби Македонија, а после си донесе измени на Кривичниот законик со цел да не одговара за ништо?

Дали Венко Филипче учи од Заев како да рекетира? 

Се бори ли Венко Филипче во политиката за власт, за да може да работи по методот на неговиот учител Заев - евро за Вицето?

Добро е што Филипче јасно им даде до знаење на граѓаните, за никој да нема дилема, дека е ученик на Заев, негов послушник кој сака да ги применува истите методи и шеми, со кои ја опустошија Македонија? – вели Манасиевски

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk