logo
logo
logo

„Дали Ковачевски кога вели „има до трето колено од исто семејство во М-НАВ“ мисли на Љупчо Николовски?“

Vecer | 16.01.2024

„Дали Ковачевски кога вели „има до трето колено од исто семејство во М-НАВ“ мисли на Љупчо Николовски?“

СДС и ДУИ М-НАВ го претворија во дувло за вработување со најсуров партиски бандитизам. Премногу случајности не се случајни, како што вели Димитар Ковачевски, туку тоа е партизација, непотизам,  кронизам односно корупција со вработувања во М-НАВ, изјави Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Кога Димитар Ковачевски вели дека во М-НАВ, цитирам "има до трето колено вработувања од исто семејство" дали при тоа мислеше на неговиот министер Љупчо Николовски? Според информациите сега, во М-НАВ е вработен негов внук, а според признанието на самиот Николовски во 2018, таму се вработени и чичко му и братучед му, рече тој.

Додаде дека семејната фирма на СДС и ДУИ, М-НАВ, е претворена во дувло за партиски и роднински вработувања, зад коишто стои партискиот бандитизам.

- Бујар Османи вработил сестра, Артан Груби- снаа, Ејуп Алими (експратеник на ДУИ) - две снаи и син, Беким Незири (притворен како предводник на групата тепачи) - вработил внук.

Јавноста памети од 2018 континуирано алармираме за партиски вработувања во М-НАВ, за:

- син на директор на социјалните фондови;

- внук на директор на телекомуникациски оператор;

- Ветон Кадри, син на пратеничката Шпреса Кадри;

- Антонио Кочовски зет на тогаш првиот човек на СДС од Охрид, Лазе Танески,

- роднина на екс-министерот Горан Сугарески;

- за претседател на УО на М-НАВ беше поставен Николче Тасески, зет на екс-министерката Рената Дескоска.

Потоа, таму е вработен и синот на Стевчо Јакимовски, како и братучетка  на екс- министерката Јагода Шахпаска од СДС.

Потсетуваме дека во 2018-тата информираа дека затоа што не прифаќаа и трпеа притисоци и беа сменети членови на комисијата во М-НАВ, се до вработувања на партиските кадри. Ама тогаш во М-НАВ не влезе трудова инспекција.

Почитувани, се случи бандитизам во М-НАВ затоа што партиските банди се научени агенцијата да служи за вработување на партиски кадри иако немаат врска со потребите на М-НАВ.

Од тоа на народот му се лоши и затоа, Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме, изјави Стоилковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk