Не постои ниту една идеја, инвестиција и реформа за која СДСМ не шири страв во јавноста. Стравот, според нив, би требало да резултира гласачите да се одлучат за СДСМ затоа што ќе ги “ослободиле“ од стравот. Патем, докажано во минатото, гласачите би ги “ослободиле“ и од парите во буџетот преместувајќи ги во Дубаи, Бугарија или Шјавцарија.
Последниот посакуван “уплав“ пуштен од СДСМ е дека Македонија не треба да овозможи градење Дата центри во државава затоа што тие трошат многу енергија, а ние ќе сме останеле без струја!
Но што покажуваат фактите.

1. Струјата е берзантски производ. Таа се продава од сите кон сите други, може да се произведе во Босна или Албанија а корисникот не ја зема “нашата“ струја туку ја купува на берза. Значи, “нашата“ струја не е загрозена.
2. Струјата се пренесува преку електросистем кој е во македонска државна сопственост (МЕПСО) и за тој пренос добива пари.
3. Секој заинтересиран за инвестиција во сериозен информатички Дата центар претходно истражува енергетски, патен и интернет потенцијал на државата, склучува договор со локален електро дистрибутер (во случајов ЕВН) кој му гарантира енергетски потенцијал. Дали ЕВН струјата ќе ја купи од Македонија, Босна или Албанија е работа на ЕВН и МЕПСО.
Инвестициите во серизоен Дата центар се од 300-400 милиони па милијарда евра и нагоре. Никој не би инвестирал ако стручно и детално не се утврди дека има енергија за неговите потреби.
4. Дата центрите ќе ни ја “трошеле нашата вода“. Вака некои ги плаше луѓето со појава на првите автомобили, првата телевизија и со мобилните телефони кои ќе го уништувале мозокот со своето зрачење. За наша среќа тие бајачки не беа во право. Не се ни сега.

Дата центрите имаат сервери кои треба да се ладат. Користат вода за таа намена но, во затворен систем. Се користат затворени системи за ладење кои трошат значително помалку вода по првото полнење од тоа што го зборуваат во СДСМ. Испарената вода се лади и по врќање во течна состојба се употребува пак внатре во системот.
Тоа што го шири како бројки со своето баење СДСМ се однесува на мега Дата центри на најголемите светски компании и не е предмет ни на интерес, ни на можности во Македонија.
5. Зошто таа хистерија СДСМ ја подигна токму сега?

Преку изјава на премиерот Мицкоски дознаваме дека владата има намера со наши, државни пари, да се инвестира во хидроенергетски систем Чебрен - Галиште во вредност од 1,2 до 1,5 милијарди евра.
Да биде хидроцентралата наша, и да работи и заработува за нас со што освен заработка би имале и енергетска независност што не е случај ако странец инветира во тоа.
И СДСМ имаше план за истиот енергетски ситем но, прифатија Грк да биде инвеститор, почна и промоција на иневстиција но, се запре поради намерите на СДСМ да има и “провизии“. Нешто како со вакцините, по изјавите дека нема да увезуваме вакцини ако се од Русија и Кина но, кога се појави договор за кинески увоз со “провизија“ од 5 милиони долари за псоердување, одеднаш кинеските вакцини станаа пожелни.
Борбата на СДСМ со баење и ширење носнован страв е да се урне планот на владата Чебен -Галиште да биде македонска инвестиција и да се остави во иднина тие да најдат странски инвеститор за соодветна “провизија“. Тоа е тоа. Така било и така е и ќе биде со нив.
Што прават на Балканот и во Европа со Дата центрите

Најголемите центри за податоци во Европа се главно концентрирани во земјите со најразвиена дигитална инфраструктура, најголема потрошувачка на интернет и врвни конекции. Водечките земји во овој сектор се класифицирани според бројот на објекти, вкупниот капацитет и стратешката важност.
Водечки земји по бројот на центри за податоци Европа има над 3.300 центри за податоци, при што најголемиот дел од инфраструктурата е концентриран во Германијасо над 520 центри за податоци.

Франкфурт е најважниот центар (преку DE-CIX), кој се смета за една од најголемите интернет берзи во светот. Велика Британија: Со околу 500 центри за податоци, најконцентрирани околу Лондон (Telehouse во Лондон Доклендс и Слау). Франција: Со околу 320 до 340 објекти, со Париз, примарен центар за облак и ИТ. Холандија: Над 290 центри, позиционирајќи го Амстердам како водечки дигитален центар со години. Ирска: Со приближно 55 до 60 објекти, Даблин е еден од најголемите светски центри каде што се наоѓаат европските седишта на најголемите технолошки гиганти. Овие 5 земји ја сочинуваат традиционалната мрежа FLAP-D (Франкфурт, Лондон, Амстердам, Париз, Даблин) која управува со најголемиот дел од сообраќајот на континентот.
Земји со огромни капацитети и мегапроекти (хиперскална инфраструктура). Такви не се предвидуваат во Македонија. Технолошките гиганти (Google, Microsoft, AWS, Meta) градат огромни „хиперскални“ кампуси во други земји: Португалија, Шведска, Финска, Шпанија, Италија, Швајцарија со 120 Дата центри... кои се водечки, и нема држава во ЕУ која нема во план Дата центар. Само во Милано (кој не е на море) има над 160 Дата центри во функција.

Меѓу државите од Земјите од Западен Балкан најголеми Дата центри, вкупно 15, има во Србија. Инвеститори, или корисници, се и глобални ИТ гиганти како што се IBM, Oracle и Huawei, како и Европската организација за нуклеарни истражувања (CERN). Опремени се со услуги за облак и телехостирање, а оператори се познати фирми како CETIN и DCT.
Нам блиската Словенија по површна на држава и бројот на жители, има вкупно 20 Дата центри, кои се управувани од 12 различни оператори и се распоредени на 4 пазарни локации низ земјата.
Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора во моментов немаат центри за податоци со голем хиперскалабилен капацитет, но се во тек големи инвестиции. Земјите од Западен Балкан се дел од европските дигитални иницијативи и планираат да се поврзат со подземен комуникациски кабел.
Македонија работи на законски прописи што овозможуваат изградба на дополнителни Дата центри и формирање на Националниот центар за вештачка интелигенција „Везилка“ и има намера да овозможи услови за комерцијални дата центри според европски прописи.

И, според “еколозите за провизија“ од СДСМ, сите наведени во Европа и во соседството се глупи, неписмени и лоши ликови кои не знаат што прават со масовно отварање Дата центри во своите држави. Само тие, и никој друг, гледаат дека “мобилните тефони зрачат и го уништуваат мозкот на луѓето...“ се додека не се појави некоја провизија која брзо би ги предомислила, како што беше со кинеските вакцини на Заев и Филипче, на пример.
Значи, работата со Дата центри е масовна и освен вработуавње и заработка на држава од извоз што влегува во бруто домашниот производ бидејќи Дата центрите би биле раководени од домашни правни лица, компании, и СДСМ нема причини за “плашење и баење“ на народот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата