logo
logo
logo

КООРДИНИРАНА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ - Сомнеж за финансиски малверзации во ФФМ

Vecer | 18.06.2026

КООРДИНИРАНА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ - Сомнеж за финансиски малверзации во ФФМ

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) информира дека во координација со Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи денеска се спроведува акција на повеќе локации во Скопје.

Акцијата, како што соопштија од ОЈО ГОКК, е резултат на повеќегодишна предистражна постапка за Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) спроведена од истражителите при Обвинителството и Финансиската полиција.

Од Обвинителството најавија повеќе детали за предметот по завршување на дејствијата што се преземаат.

Во април годинава беше уапсен и експретседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, под сомнение дека проневерил околу 700 000 евра, средства што Европската фудбалска организација (УЕФА) ѝ ги доделила на ФФМ за градежни работи на стадионот во Охрид.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk