logo
logo
logo

Коридорот VIII, безбедноста, претстојната посета на Бегај на Македонија - заменик премиерот се сретна со претседателот на Албанија

Vecer | 03.04.2025

Коридорот VIII, безбедноста, претстојната посета на Бегај на Македонија - заменик премиерот се сретна со претседателот на Албанија

Заменик-претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска во Скопје, заедно со претседателот на Собранието, Африм Гаши, и првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, имаше средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај.

За време на средбата се разговарало за зајакнување на соработката меѓу Албанија и Македонија во рамките на процесот на интеграција во Европската Унија, како и за други прашања од заемен интерес.

Главните теми на разговорот беа Коридорот VIII, безбедноста, претстојната посета на претседателот Бегај на Македонија и најновите политички случувања во нашата земја, напиша Фетаи на својот профил на Фејсбук.

Истакнувајќи ја важноста на добрите односи во сите области, Фетаи оценил дека соработката меѓу Македонија и Албанија е клучна за стабилноста и просперитетот на регионот. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk