logo
logo
logo

20 ТОНИ ПОМФРИТ СО ПОМИНАТ РОК УНИШТЕНИ ВО ДРИСЛА

Vecer | 23.11.2025

20 ТОНИ ПОМФРИТ СО ПОМИНАТ РОК УНИШТЕНИ ВО ДРИСЛА

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат рок на употреба (23.05.2025 година). Компирот, увоз од Холандија, бил наменет за продажба на македонскиот пазар.

Забранетите количини замрзнат компир, во присуство на инспектори за храна од Агенцијата, нештетно се уништени  во петокот на депонијата Дрисла, врз основа на изречената мерка забрана за увоз и издадено решение со наредба за нештетно уништување.

Во рамки на вонреден инспекциски надзор кај оператор со храна од животинско потекло, АХВ  заплени и нештетно уништи и 2.000 килограми небезбеден пилешки стек. Поради непочитување на процедурите на Добра хигиенска и Добра производствена пракса, на операторот со храна изречена му е мерка времена забрана за работа и парична казна од 4.400 евра во денарска противвредност.

Во раки на редовните и вонредните инспекциски контроли на официјалните ветеринари и инспекторите за храна, АХВ продолжува со спроведување мерки за заштита на граѓаните од консумирање небезбедна храна со тоа и за заштита на нивното здравје,  и за заштита на здравјето и благосостојбата на животните.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk