logo
logo
logo

Пониква станува центар за рехабилитација за повредените од Кочани: Бројот 070 355 526, за помош на повредените, е во функција

Vecer | 09.06.2025

Пониква станува центар за рехабилитација за повредените од Кочани: Бројот 070 355 526, за помош на повредените, е во функција

Телефонскиот број 070 355 526 на кој ќе можат да се јават повредените и семејствата е јавно достапен, и е директна комуникација, управувана од Канцеларијата на претседателот на Владата.

Никој нема да биде заборавен. Наш приоритет е повредените од кочанската трагедија да добијат соодветна медицинска нега и целосна рехабилитација, за да можат да продолжат со животот понатаму.

Токму поради тоа, на владина седница ќе се донесе одлука со која одморалиштето Пониква, кое е во сопственост на Министерството за внатрешни работи, ќе се отстапи за потребите на Министерството за здравство, односно за пациентите кои веќе се во стабилна состојба, но имаат потреба од понатамошен третман.

Одморалиштето Пониква располага со 27 соби и 56 легла, а ќе биде обезбеден и дополнителен медицински кадар кој ќе пружи целосна медицинска нега на пациентите.

Ова значи дека повредените лица на кои им е потребна дополнителна здравствена заштита ќе можат да ги користат овие услуги.

Како Влада сме целосно посветени да обезбедиме здравствена заштита на повредените од трагедијата во Кочани.

Дополнително, ги замолуваме политичките партии да се воздржат од некрофилија и да дозволат случајот целосно да го водат институциите.

Напомнавме дека секој што е инволвиран во овој случај, мора и ќе одговара. Без разлика на неговиот статус во општеството или припадност на политичка партија.

Правдата доаѓа и ќе биде одговор за сите.

Државата е на патот на промените!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk