logo
logo
logo

Премиерот Мицкоски оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен

МАКЕДОНИЈА ОЧЕКУВА ЈАСНА ПОСВЕТЕНОСТ ОД ЕУ ВО ИНТЕГРАЦИЈАТА, Владата е решена да испорача реформи

Vecer | 15.10.2025

МАКЕДОНИЈА ОЧЕКУВА ЈАСНА ПОСВЕТЕНОСТ ОД ЕУ ВО ИНТЕГРАЦИЈАТА, Владата е решена да испорача реформи

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во просториите на Владата, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во рамки на нејзината балканска турнеја.

На средбата се разговараше за европската перспектива, напредокот на реформските процеси, економската соработка, енергетската безбедност и дигиталната трансформација.

Премиерот Мицкоски ја истакна решеноста на Владата да ја забрза евроинтеграцијата на државата преку конкретни резултати и исполнување на европските стандарди. Тој посочи дека државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност, како потврда на европската перспектива и поддршка за граѓаните кои со децении остануваат посветени на европските вредности.

Посетата на претседателката на Европската комисија претставува потврда на отворениот дијалог и заемната подготвеност за продлабочување на партнерството, во интерес на стабилноста, економскиот развој и европската иднина на земјата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk