logo
logo
logo

ИМА КРИЗЕН ШТАБ, Владата будно ја следи состојбата на Блискиот Исток!

Vecer | 14.06.2025

ИМА КРИЗЕН ШТАБ, Владата будно ја следи состојбата на Блискиот Исток!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во однос на случувањата меѓу Иран и Израел истакна дека владата будно ја следни безбедносната состојба.

„Има кризен штаб во МНР, се следи будно состојбата преку извештаите кои што ги добиваме преку службени канали, така што не би коментирал повеќе од ова што го кажав“, изјави Мицкоски.

Вчера, од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелираа до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции.

Исто така, упати апел до сите македонски државјани да се воздржат од какви било патувања кон земјите од овој регион, до подобрување на безбедносната состојба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk