logo
logo
logo

20 годишник со експлицитни фотографии уценувал малолетничка

Љубовникот станал уценувач, па заработи кривична пријава

Vecer | 08.07.2025

Љубовникот станал уценувач, па заработи кривична пријава

Тетовската полиција на 7 јули, кон 14 часот го привела Р.Р. (20) под сомнение дека подолг период барал пари од девојката со која бил во врска три години. Според пријавата поднесена од нејзината мајка, младиот маж неколку пати оваа година ѝ се заканувал дека ќе објави интимни фотографии на социјалните мрежи, доколку не му даде пари.

Мајката во два наврати му дала пари, вкупно 800 евра, но тој продолжил со уцените.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 20-годишникот е задржан во полициска станица, а против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 259 став 1 од Кривичниот законик.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk