logo
logo
logo

Мисајловски: Денот на независноста е симбол на одлучноста самостојно да ја градиме својата иднина, но и обврска да ја чуваме и развиваме татковината за идните генерации

Vecer | 08.09.2025

Мисајловски: Денот на независноста е симбол на одлучноста самостојно да ја градиме својата иднина, но и обврска да ја чуваме и развиваме татковината за идните генерации

Министерот за одбрана Владо Мисајловски упати честитки по повод 8 Септември во која оценува дека Денот на независноста е симбол на одлучноста самостојно да ја градиме својата иднина, но и обврска да ја чуваме и развиваме татковината за идните генерации.

– Во таа мисија, македонската Армија е еден од најсилните столбови на нашето општество. Нашите војници, со својата посветеност и пожртвуваност, не само што ја гарантираат безбедноста и територијалниот интегритет на државата, туку и го претставуваат најдобриот пример за дисциплина, чест и љубов кон татковината. Денес Армијата е модерна, професионална сила, рамноправен дел од сојузничките сили во НАТО. Таа е доказ дека независноста не е само збор од историјата, туку секојдневна одговорност и должност што ја носиме пред себе и пред светот, вели Мисајловски.

Посочува дека независноста е вредност за која се живее и работи секојдневно и дека со верба во иднината и љубов кон татковината ќе продолжи да се гради државата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk