logo
logo
logo

Катерина Цаневска ќе ја предводи советничката листа на СДСМ за Град Скопје

Vecer | 05.09.2025

Катерина Цаневска ќе ја предводи советничката листа на СДСМ за Град Скопје

На претстојните локални избори, Катерина Цаневска ќе биде носител на советничката листа на СДСМ за Град Скопје, потврди лидерот на партијата, Венко Филипче, за „Слободен печат“.

– За носител на градската листа ја избравме госпоѓата Катерина Цаневска, која е искусен и кредибилен човек, новинар со долгогодишно искуство во скопската хроника и искусна во соработката со локалната власт. Таа е личност која може на граѓаните да им ги презентира програмските цели на партијата – изјави Филипче.

Цаневска има долгогодишно искуство во новинарството, а потоа работеше како одговорна за односи со јавност во Општина Центар во мандатот на градоначалникот Андреј Жерновски, како и во кабинетот на поранешниот претседател Стево Пендаровски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk