logo
logo
logo

Промедика со примена на нов проект: ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА ,,MBST" ТЕРАПИЈА

Vecer | 03.06.2025

Промедика со примена на нов проект: ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА ,,MBST" ТЕРАПИЈА

Во интервју за „Фактор Здравје“, д-р Александра Мрмевска од Промедика Медикал Центар зборуваше за револуционерната улога на MBST терапијата – неинвазивен и безболен третман за мускулно-скелетни состојби кој, според бројни научни студии, „го стимулира телото да се самообнови“.

Таа истакна: „Терапијата со магнетна резонанца, MBST, има над 300.000 пациенти, со повеќе од 2 милиони часови дадени терапија, без несакани ефекти ... ... Самата MBST терапија е еден многу нежен и тивок третман, без инјекции и без лекови. “

MBST терапијата делува преку принцип на магнетна резонанца – ист како оној што се користи во MRI дијагностиката – но со терапевтска цел. Таа го поттикнува природниот процес на регенерација на клетките и ткивата, особено кај состојби како артроза, дискус хернија, остеопороза, болки во грбот, па дури и спортски повреди.

Како функционира?

MBST терапијата ги изложува клетките на слаби магнетни полиња, при што водородните протони во ткивата апсорбираат енергија и ја пренесуваат директно во оштетеното ткиво. Резултатот: активирана регенерација, подобрена функција на клетките и намалена болка.

„MBST терапијата не ги третира само симптомите, таа е таргетирана терапија, го таргетира оштетеното ткиво, и делува на самата оштетена клетка ... ... Терапијата ја третира причината, и ги стимулира природните регенеративни процеси на телото. “ додава д-р Мрмевска.

Научните податоци го поткрепуваат ова, на пример: според студија презентирана на Korean Congress of Rheumatism (2020), 80% од пациентите со артроза почувствувале значително намалување на болка во колената, а кај други студии се покажало значително подобрување на функцијата дури и 4 години по третманот.

Клинички докажана ефективност без несакани ефекти

Една од најголемите предности на MBST терапијата е безбедноста. По повеќе од 2 милиони терапевтски часови низ целиот свет не се пријавени несакани ефекти, ниту интеракции со лекови. Затоа оваа терапија е препорачлива дури и кај пациенти со хронични состојби и чувствителни организми.

MBST е т.н. ткивно-специфична терапија – секоја сесија е прилагодена на индивидуалната дијагноза на пациентот, а третманот вклучува 5, 7 или 9 сесии од по 60 минути.

Искуства од пациенти

Пациентите сведочат за реална разлика во квалитетот на животот. Еден од нив изјавува:

„Три месеци по третманот со MBST можам да одам и по планински терени повеќе од три часа – без никакви проблеми.“

Друг пациент вели:

„Отоците се повлекоа, можев подобро да се движам и повторно почнав да пливам, возам велосипед и вежбам – без болка.“

Иако секој пациент е различен, заедничко за многумина е потребата за решение кое не само што ја ублажува болката, туку ја засега и нејзината основа. Како што објаснува д-р Мрмевска во интервјуто за „Фактор Здравје“, MBST терапијата не е „брз лек“ туку процес што ја поддржува природната регенеративна способност на телото. Таа додава дека „регенерацијата бара време, но кога се активираат клеточните процеси, резултатите може да бидат долготрајни“.

Со повеќе од 25 години клиничка примена, MBST терапијата добива сè поголемо внимание, особено заради својот неинвазивен пристап, отсуството на лекови и несакани ефекти, како и специфичната способност да се приспособи на индивидуалната дијагноза.

Во свет во кој хроничната болка станува сè почеста и начинот на живот сè повеќе ни ги нарушува зглобовите и коските, се појавува терапија која не бара рез, ниту апче – туку се потпира на биологијата на нашето сопствено тело.

MBST терапијата не ветува чудо преку ноќ. Но низ зборовите на пациентите и клиничките резултати, излегува една поинаква приказна – за терапија која делува тивко, длабоко, и трајно. Целото интервју можете да го погледнете тука.

За повеќе информации и консултација, обратете се во првиот и едниствен сертифициран MBST центар во Македонија: Промедика Медикал Центар, Оддел за Физикална Терапија и Рехабилитација 02 3248 454 Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 50, Скопје

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk