logo
logo
logo

Петрушевски: Работниците не наседнуваат на манипулации на СДС и ССМ

Vecer | 18.03.2026

Петрушевски: Работниците не наседнуваат на манипулации на СДС и ССМ

СДС и ССМ се повеќе ја губат и онаа мала поддршка од граѓаните, обидите за манипулација на работниците не им поминуваат. Наместо на протестот да бидат вистинските работници, протестот на ССМ беше предводен од раководствата на локалните ограноци на СДС, кои со партиски маички беа во првите редови, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Автобусите во организација на лица од СДС, кои патуваа празни за Скопје се доказ дека протестот на ССМ беше неуспешен. Со ова, се докажа дека работникот не го поддржува овој политички театар на СДС и ССМ, и довербата ја губат се повеќе.  ССМ предводено од Трендафилов, свесно оди во заштита на интересите на СДС, а не на заштита на правата на работникот. Трендафилов и оние неколкумина од врвот на ССМ, работат директно во интерес на СДС и нивните политики, а со тоа имаат за цел да и наштетат на Владата, која дава се од себе и ги зголемува платите и правата на работниците, посочи тој.

Пратеникот порача дека вистинските работници членови на ССМ, се повеќе се прашуваат дали се дел од вистински синдикално здружување или се дел од политичката партија СДС.

Но, и во двата случаи, ни едните ни другите не работат во нивен интерес. ВМРО-ДПМНЕ останува вистински партнер на работникот, вели Петрушевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk