logo
logo
logo

Алкохол, брзина и прекршоци: шокантни бројки од полицијата

Vecer | 25.03.2026

Алкохол, брзина и прекршоци: шокантни бројки од полицијата

Во текот на изминатите два дена (23 и 24.03.2026) полицијата издала 1.177 казни. Од нив 217 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 25 лица, од кои две за возење под дејство на алкохол, 10 за возење без возачка дозвола, две поради претходно изречена забрана за управување на возило.

Во истиот период одземени се 11 возила по член 300-б од Кривичниот законик.

Во текот на изминатите два дена евидентирани се 324 прекршоци за неправилно паркирање, како и шест санкции за возење под дејство на алкохол.

Санкционирани биле 11 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, како и 10 пешаци. Казнети се 161 учесник во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 20 возила биле отстранети од сообраќај поради тоа што биле нерегистрирани, а 34 поради техничка неисправност. Санкционирани се и 14 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk