logo
logo
logo

ДРАМА НА АВТОПАТ

ПИЈАН НЕГОТИНЕЦ украл автомобил, па искршил две рампи на патарина: НЕМАЛ НИ ВОЗАЧКА!

Vecer | 05.04.2025

ПИЈАН НЕГОТИНЕЦ украл автомобил, па искршил две рампи на патарина: НЕМАЛ НИ ВОЗАЧКА!

Доцна синоќа во 23:15 часот на автопатот А1, на бензинска пумпа во близина на Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода М.Д.(26) од Неготино.

Имено, тој украл патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на С.Д.(38) од Неготино, кое според пријавеното било паркирано во двор на чичко на пријавителот во Неготино, и потоа со возилото на автопатот, во правец кон Велес, скршил рампа на наплатна станица „Виничани“, а по кратко време повторно скршил рампа на наплатната станица „Виничани“, но во правец кон Неготино.

Преземени се мерки од страна на полициски службеници, по што М.Д. бил принуден да го запре возилото. Од извршените проверки било констатирано и дека го управувал возилото пред да се стекне со право на управување и со 1.54 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за сторените прекршоци и кривични дела по член 297 А и 383 став 1 од КЗ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk