logo
logo
logo

Стоилковиќ се сретна со шпанскиот амбасадор: Во фокус на разговорот зајакнување на партнерството и соработка во различни области

Vecer | 10.04.2025

Стоилковиќ се сретна со шпанскиот амбасадор: Во фокус на разговорот зајакнување на партнерството и соработка во различни области

 Потпретседателот на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во РС Македонија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз.

Во фокус на средбата одржана во конструктивна атмосфера беа ставени можностите за зајакнување на партнерството и соработката во различни области со акцент на капиталните инвестиции. Беа разменети и мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, сѐ со цел реализација на заеднички инвестиции и задржување на владиниот приоритет - силен економски развој и целосна трансформација на државата.

Вицепремиерот и министер Стоилковиќ меѓу другото го запозна амбасадорот Рафаел Сориано Ортиз со функционирањето на Министерството за односи меѓу заедниците, плановите за оваа календарска година и нагласи дека интензивно се работи на промена на односот кон помалите етнички заедници. Воедно изрази и благодарност за континуираната поддршка од Шпанија, резултат на повеќе од 30-годишните дипломатски односи и традиционално пријателство, особено во процесот на евроинтеграциите на нашата земја.

Шпанскиот амбасадор Рафаел Сориано Ортиз, пак, упати пораки на поддршка и признание за постигнатиот напредок, уверувајќи дека напредокот во процесот на проширување на ЕУ заснован врз систем на заслуги и принципиелни политики и понатаму останува високо на агендата.

На крајот од средбата двајцата соговорници се согласија дека соработката меѓу двете земји, пред сѐ, базирана на долгогодишно пријателство е клучна, и дека истата дополнително треба и може да се продлабочува.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk