logo
logo
logo

ДАЛИ СЕ КРИЕ РЕКЕТ 2? Обвинителството ги штити функционерите на СДСМ и на ДУИ, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 09.09.2025

ДАЛИ СЕ КРИЕ РЕКЕТ 2? Обвинителството ги штити функционерите на СДСМ и на ДУИ, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Во јавноста излезе нов скандал за криминалното владеење на СДСМ и на ДУИ, а судско обвинителскиот систем го крие и го заташкува, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Судството со доверба на ниво на статистичка грешка од 2% продолжува да тоне, а Љупчо Коцевски на чело на ОЈО продолжува верно да им служи и да ги штити криминалците кои го изгласаа, СДСМ и ДУИ. Информациите говорат дека постои Рекет 2 и дека Основното јавното обвинителство отворило предистражна постапка, но тука застанал целиот процес и предметот се ставил во фиока. Во случајот биле опфатени поранешната шефица на СЈО Катица Јанева и други тројца активни обвинители, кои се обиделе да рекетираат познат бизнисмен“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонската јавност заслужува да знае дали овој случај се држи во фиока затоа што се крие и се штити некој од СДСМ и ДУИ и дали со тоа им оставаат простор истите да ја дефокусираат јавноста, прашува партијата.

„Исто така, јавноста заслужува да знае дали Коцевски е на чело на ЈО за да го гони криминалот или пак да ги штити неговите наредбодавци од СДСМ и од ДУИ, па затоа во изминатата година дена не е поведена ниедна постапка за нивни поранешни функционери“, соопшти ВМРО-ДПМНБЕ.

Коцевски и ЈО да си ги оправдаат платите кои им ги даваат граѓаните и да се фатат за работа, за да ги истражат сите криминални дејствија и да донесат правда, повикува партијата.

„Доста кријат во фиоки предмети за да заштитат од кривична одговорност лица блиски до СДСМ и до ДУИ“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk