logo
logo
logo

БЕА ЛИЦЕ ВО ЛИЦЕ СО МИЦКОСКИ, а не ни гукнаа за Артан Груби! Стравот лозје чува.

Vecer | 27.02.2026

БЕА ЛИЦЕ ВО ЛИЦЕ СО МИЦКОСКИ, а не ни гукнаа за Артан Груби! Стравот лозје чува.

Враќањето на Артан Груби и неговото појавување пред судот за СДСМ беше централна тема деновиве. Беше бидејќи се обидуваа да спинуваат дека Артан Груби се договорил со владата да се врати и да добите ОД ОБВНИНИТЕЛСТВОТО И ОД СУДОТ мерка за домашен притвор, да се искористи било кој настан во кој Венко Филипче и неговите соработници од “невладините организации“ кои сега се во врвот и раководството на партијата СДСМ за да се создаде скандал за владата.

Но - СКАНДАЛ НЕМАШЕ, и покрај силните обиди. Вчера пратениците на СДСМ имаа прилика “лице во лице“ да се сретнат во Собранието со премиерот Мицкоски и министрите и да постават прашања, да дебатираат за случајот. Но, од СДСМ на седницата на Собранието со пратенички прашања - за Артан Груби немаше ниту еден збор! СДСМ ја затвори темата и се повлече од создавањето скнадал кој го нема, бидејќи владата нема никакви ингеренции за работа на Обвинителството и судскиот процес на Артан Груби.

Ниту едно пратеничко прашање од страна на СДСМ кон членовите на Владата за Артан Груби. 

Но стравот од можните искази на Артан Груби за криминалите на поранешната власт на СДСМ и ДУИ очигледно создава страв и неизвесност во Бихаќка и процениле дека повеќе им одговара “случајот“ Артан Груби да се тргне од дневен ред. Но, тоа ќе се случи само до скората истрага и обвинение а потоа и судење на Артан Груби од кое СДСМ се плаши.

Самото појавување на Артан Груби на судење е тежок удар за опозицијата, и за СДСМ и за ДУИ бидејќи тој е човек со највисока функција од минатата власт која е изведена на суд и судењето не е само за негов криминал, туку и за криминал на целата влада на СДСМ и ДУИ која учествувала во корупцијата.

Дури и потпретседателката на СДСМ, Јованка Тренчевска, отиде чекор понатаму, посочувајќи дека за еден од случаите во кои се сомничи Груби за сторен криминал, кривични пријави треба да добијат и неговите колеги од тогашната влада.

Артан Груби е темпирана бомба за ДУИ и СДСМ и ако некому одговарало да го нема во Македонија им одговара на нив. Особено на Фамилијата Заеви, Оливер Спасовски, Димитар Ковачевски и другите од врвот на партијата зад кои стои корупција проценета од странските експерти поголема од две милијарди долари (или 10% од вкупниот буџет за нивните 7 години власт) во која учествувал и Артан Груби, непосакуван сведок за СДСМ и за ДУИ. 

Сега сведокот и метафората за власта на СДСМ и ДУИ е тука, оваа влада во рамки на овластувањата на владините институции како МВР и АНБ ја заврши својата работа.

Се од деновиве па понатаму е работа на Обвинителството и Судството, а јавно познато и низ пракса докажано е дека сегашната власт, ВМРО ДПМНЕ/ЗНАМ/ВЛЕН нема влијание врз нив. Напротив тие се под контрола на Заев, СДСМ и ДУИ кои и ден денес стојат зад политички судења на луѓе од или блиски до партиите на валст но, случајот Артан Груби е прилика за катарза, “прочистување“ на совеста и обврските на обвинителите и судиите од зависнота кон Заев, СДСМ и ДУИ. 

Сите идни, евенутални, спинови и напади на паника и бес на СДСМ во врска со овој случај отсега се адресирани кон Обвинителството и Судството, Артан Груби е во нивни раце а не во раце на кабинетот на Владата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk