logo
logo
logo

„Со години Палевски ширеше говор на омраза, повикуваше на насилство и ПОМИНУВАШЕ НЕКАЗНЕТО“

Vecer | 05.12.2023

„Со години Палевски ширеше говор на омраза, повикуваше на насилство и ПОМИНУВАШЕ НЕКАЗНЕТО“

Убиството на Вања и создавањето на монструмот Палевски е и последица и на лажната недопирливост која Палевски и неговата банда со поткасти ја чувствуваа и работеа непречено, а преку која ширеа токсична атмосфера. Сето ова се случуваше пред лицето на МВР кое поради политичка пресметливост и конекции со оваа групација го амнестираше ваквото однесување, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека со години Палевски добива медиумски публицитет каде жигосуваат луѓе и сеат говор на омраза, невистини и шпекулации.

-  Со години Палевски и неговите соработници шиканираат луѓе преку својата емисија, оцрнува луѓе, повикува на тепање и друг вид насилство. Палевски ширеше говор на омраза, располагал со информации добиени од власта, „бомби на СДС“ и тоа поминуваше неказнето. Палевски и неговата банда не можеле досега да функционираат и да поминуваат без санкција, ако зад нив не стои врвот на власта и им се дава лажна претстава за моќ поради кои рекетираа и изнудуваа пари, истакнуваат тие.

Според партијата Оливер Спасовски, како шеф на МВР е одговорен и најповикан зошто со години дозволува Палевски и неговата рекетарскa ориентирана банда да шират токсична атмосфера, да се закануваат и да шиканираат луѓе, но и за неговото бегство.

- Спасовски не може да се амнестира, зошто со години не презема ништо за санкционирање на Палевски, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk