logo
logo
logo

МАЖ ПОЧИНАЛ ОД ГРИП НА ИНФЕКТИВНА - бил хоспитализиран во исклучително тешка состојба

Vecer | 18.01.2026

МАЖ ПОЧИНАЛ ОД ГРИП НА ИНФЕКТИВНА - бил хоспитализиран во исклучително тешка состојба

Пациент од внатрешнста на земјата во раните утрински часови починал од грип на одделението за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Како што кажа директорот Фадил Цана, кај пациентот симптомите се развиле пред пет дена и бил поставен на механичка вентилација.

-За жал, вчера во утринските часови на Инфективна клиника почина 69 годишен пациент кај кого беше потврдена лабораториски Инфлуенца А. Пациентот беше донесен во исклучително тешка општа состојба со развиена масивна бронхопневмонија и акутен респиратрен дистрес синдром, рече Цана.

Пациентот имал бројни коморбидитети и не ја примил сезонската вакцина против грип, иак бил во ризичната група.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk