logo
logo
logo

Милионски криминал: Двајца управители затаиле над 7,4 милиони денари данок

Vecer | 18.05.2026

Милионски криминал: Двајца управители затаиле над 7,4 милиони денари данок

Даночно затајување во износ од 7.426.323 денари утврди Управата за финансиска полиција, која до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две лица управители на правно лице и едно правно лице.

Како што соопшти Управата, пријавените М.Ш. и Ж.Р., како управители на правното лице, се сомничат дека во повеќе наврати, свесно и со намера да стекнат противправна имотна корист, не пресметале, не пријавиле и не платиле данок на добивка во износ од 7.200.200 денари и данок на личен доход од 226.123 денари.

Според наводите, за 2020 година поднеле даночен биланс за утврдување на данокот на добивка во кој искажале лажни податоци, додека за годините 2021 и 2022 воопшто не поднеле даночни биланси за утврдување на данокот на добивка, спротивно на сметководствената евиденција и искажаниот финансиски резултат во бруто билансите на друштвото, од банкарските сметки на правното лице подигнале парични средства по разни основи и извршиле плаќања кои не се поврзани со дејноста на правното лице без да постои доказ во сметководствената евиденција за нивната економска оправданост, а со намера да ги прикријат инкриминираните активности не поднеле завршни сметки за 2022, 2023 и 2024 година до Централниот Регистар на РМ.

Со овие незаконски активности, како што се наведува, е оштетен Буџетот на Република Македонија, а предметот е доставен до надлежното обвинителство за понатамошно постапување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk