logo
logo
logo

ЕУ ОСТАНУВА НАШ ПРИОРИТЕТ, не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право, вели Давкова

Vecer | 18.05.2026

ЕУ ОСТАНУВА НАШ ПРИОРИТЕТ, не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право, вели Давкова

За нас ЕУ беше и останува не само географски, историски и заедмички културен дом, туку и важен приоритет. Сакам да укажам на опасноста од билатерализацијата на процесот на проширувањето, особено кога таа е врзана за идентитетски прашања за кои не се преговара. Ние не бараме привилегии, ние само бараме доследна примена на европското право и почитување, се разбира, на историскиот и културниот идентитет на народите и на достоинството и интегритетот на индивидуите, порача денеска од Љубљана, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

По средбата со својот домаќин, словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар, Сиљановска-Давкова напомена дека ЕУ персонифицира единство на различности и останува инспиративна филозофија ако си ги почитува вредностите и принципите.

-Во однос на нашата европска интеграција, повторив дека остануваме посветени. За мене, интеграцијата на Западен Балкан не е само политичко, туку е и безбедносно прашање. Не е доволна реториката за да бидете отпорни на туѓи влијанија, бидејќи сите знаеме дека не постои политички вакуум кој некој нема да се обиде да го пополни или да влијае на него. ​И уште нешто - Балканот отсекогаш бил своевиден лакмус за одмерување на силите на важните актери. Ние имаме 100-процентно усогласена политика на надворешна и безбедносна со ЕУ и ние заслужуваме, низ призма на копенхашките критериуми, да покажеме и да докажеме зрелост и заинтересираност за европскиот пат, истакна Сиљановска-Давкова.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk