logo
logo
logo

Остануваме посветени на исполнување на ЕВРОПСКИТЕ КРИТЕРИУМИ

Vecer | 10.01.2026

Остануваме посветени на исполнување на ЕВРОПСКИТЕ КРИТЕРИУМИ

Владата останува цврсто посветена на исполнување на европските критериуми и на напредокот на државата, порачува на својот фејсбук профил министерот за информатичко општество и дигитална трансформација Стефан Андоновски кој беше дел од владиниот тим што денеска одржа состанок со премиерот Христијан Мицкоски за реформската агенда.

Според Андоновски, фокусот е јасен – европските стандарди дома, преку подобри јавни услуги, побрзи институции и транспарентни процеси. 

- Саботата ја посветуваме на состанок за Реформската агенда. Владата останува цврсто посветена на исполнување на европските критериуми и на напредокот на државата, иако се соочуваме со наметнати билатерални пречки надвор од европската рамка. Фокусот е јасен: европските стандарди дома, преку подобри јавни услуги, побрзи институции и транспарентни процеси. Токму затоа силно ја туркаме агендата за дигитализација – интероперабилност меѓу институциите, современи е-услуги, електронски документи и дигитални решенија што го намалуваат бирократскиот товар и ги штедат времето и нервите на граѓаните и бизнисите. Ова не е формално усогласување, туку практична европеизација. Европските стандарди, квалитетните услуги и функционирањето на институциите се директно поврзани со критериумите на ЕУ за владеење на правото, конкурентност, јавна администрација и економска интеграција“, наведува министерот. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk