logo
logo
logo

УСВОЕНИ КЛУЧНИ ИЗВЕШТАИ ЗА НАПРЕДОКОТ НА РЕФОРМИТЕ: Одржана Четвртата седница на Советот за реформа на јавната администрација

Vecer | 28.04.2026

УСВОЕНИ КЛУЧНИ ИЗВЕШТАИ ЗА НАПРЕДОКОТ НА РЕФОРМИТЕ: Одржана Четвртата седница на Советот за реформа на јавната администрација

Денес се одржа Четвртата седница на Советот за реформа на јавната администрација, со која претседаваше претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, на која беа разгледани и усвоени повеќе значајни точки од дневниот ред, меѓу кои Годишниот извештај за 2025 година за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на јавната администрација (2023–2030) со Акцискиот план, како и Извештајот за јавната администрација согласно препораките од оценската мисија на СИГМА од 2024 година.

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, ги презентираше клучните наоди од двата извештаи, при што се осврна на постигнатиот напредок во спроведувањето на реформските активности, степенот на реализација, како и на предизвиците со кои се соочуваат институциите во процесот. Притоа, беше истакнато дека за првпат Годишниот извештај е подготвен со користење на унапредена и модернизирана ИТ алатка за прибирање и следење на податоци, што овозможува попрецизно, транспарентно и навремено следење на реформските активности.

Минчев истакна дека во текот на 2025 година е остварен значителен напредок во повеќе приоритетни области, вклучително и креирањето политики, управувањето со човечки ресурси, зголемувањето на транспарентноста и дигитализацијата на услугите, што придонесува за унапредување на квалитетот и ефикасноста на јавната администрација.

„Советот за реформа на јавната администрација има суштинска улога во обезбедувањето координиран и одржлив пристап кон реформите, преку заедничка одговорност и јасна насоченост кон резултати“ истакна министерот Минчев.

Советот ги усвои и заклучоците со кои се задолжуваат надлежните институции да продолжат со ревидирање на активностите во Акцискиот план, како и со навремено внесување и ажурирање на податоците во системот за следење на имплементацијата на Стратегијата.

Министерството за јавна администрација останува целосно посветено на унапредување на реформата на јавната администрација, преку континуирана координација со институциите и доследна имплементација на стратешките приоритети, со цел обезбедување современа, ефикасна и граѓански ориентирана јавна администрација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk