logo
logo
logo

ЗАБРАНА ЗА 173 НЕЛЕГАЛНИ ПРИРЕДУВАЧИ НА ОНЛАЈН ИГРИ НА СРЕЌА: Андоновски апелира, граѓаните веднаш да ги повлечат парите

Vecer | 11.06.2025

ЗАБРАНА ЗА 173 НЕЛЕГАЛНИ ПРИРЕДУВАЧИ НА ОНЛАЈН ИГРИ НА СРЕЌА: Андоновски апелира, граѓаните веднаш да ги повлечат парите

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, преку објава на својот Фејсбук профил информираше дека се забрануваат дури 173 нови нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа.

Со оваа мерка, како што истакна министерот, се зајакнува дигиталната безбедност и се испраќа јасна порака до сите нелегални оператори дека државата нема да дозволи активности што ја загрозуваат безбедноста и довербата на граѓаните.

„Апелирам до досегашните играчи, во најбрз можен рок да ги повлечат сите депонирани средства и да не се подведуваат на лажните и манипулативни е-маил пораки кои ги наведуваат да ги користат овие нелегални страници на несигурен и небезбеден начин. Никој не може да нè заштити ако не се заштитиме сами!“, напиша министерот Андоновски.

Со зголемениот број на нелегални страници што нудат игри на среќа, Министерството предупредува дека е потребна исклучителна внимателност, особено кај младите корисници кои можат да станат жртви на измами, губење средства и злоупотреба на лични податоци.

Министерот најави и натамошна координација со институциите за целосно искоренување на нелегалните онлајн оператори, како и за развој на сигурен и регулиран дигитален простор во Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk