logo
logo
logo

Докторот од Струга осуден на три години затвор, дали е тоа правична пресуда?

Vecer | 21.11.2025

Докторот од Струга осуден на три години затвор, дали е тоа правична пресуда?

Мухамед Асани, гинекологот кој на Јалдз Веапоска ѝ го изведе царскиот рез по кој родилката остана без матка, јајник и бубрег, денеска е осуден на три години затвор и пет години забрана за вршење дејност и одземање на лиценцата од Лекарска комора.

Јелдз Веапоска од Дебар, медицинска сестра од итната помош, преживеа вистинска голгота откако се породила во болницата во Струга со царски рез, но од операцијата излегла без матка, бубрег и без еден јајчник. Органи кои биле здрави, веста прв ја објави порталот Вечер.мк објавувајќи и псимени докази за случајот.

Асани и бил гинеколог на Веаповска во негова приватна нелегална ординација во неговата куќа а породувањето било вршено во државната гинекологија.

Во меѓувреме, лекарската комисија за преиспитување на овој случај, не најде лекарска грешка.

Откако Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ најави дека ќе протестира пред Министерството за здравство со цел да ѝ даде поддршка на родилката Јилдиз Веаповска, самата Јилдиз се огласи на социјалните мрежи дека не сака нејзиниот случај да биде партиски обоен и ги замолува да го одложат протестот.

Јас, Јилдиз Веапоска, ја замолувам Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ да го одложат протестот во сабота. Јас не сакам мојот случај да биде партиски обоен. Јас не сум единствена жртва на д-р Мухамед Асани.

Јас барам од сите луѓе, рака за рака, да ја побараме правдината без обзир од која партија се. Доколку сакате да ми помогнете на каков било начин, за сега е доволно само да ме поддржите да ја најдам правдината и да ја споделувате петицијата која најмногу ќе ми помогне...

Во 2023-та година Асни првично доби условна казна од две години затвор, која ќе се реализира ако стори ново кривично дело во наредните четири години. Тој е осуден за давање на здравствени услуги без дозвола за работа, кои ги вршел со гинеколошки прегледи во сопствената куќа, наместо во струшката болница каде бил вработен и во еден мандат бил директор.

Веапоска била и сведок во првата постапка за нелегалната ординација, во која и била одржувана и ризичната бременост, после која падна во кома беше оперирана и оставена без органи.

Другите двајца обвинети лекари, неговиот синБлертон Асани и гинекологот Лилјана Јовановска, се ослободени од обвинението. Ова се случи во 2020 година во Општата болница во Струга, кога Јалдз Веапоска беше подложена на царски рез. Наместо рутинска интервенција, родилката заврши со тешки, животозагрозувачки компликации. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk